Моја Продавница

Сè што ти треба за да продаваш онлајн.

„Моја Продавница“ е комплетна македонска платформа за онлајн продавница/е-трговија создадена за мали и големи бизниси, брендови и трговци. Започни со продажба преку интернет за неколку минути, без скриени трошоци и со директна наплата преку твојата банкарска сметка.

Моја Продавница презентација на панела за менаџирање и страната на продуктот

Направено за целиот бизнис, не само за продавницата.

credit_card

Плаќања

Прифати онлјан плаќање и плаќање при достава директно во твојата интернет продавница.

sync

Синхронизација на залихи

Одржувај точна залиха на секој канал за продажба, автоматски.

checklist

Управување со нарачки

Исполнувај, врати средства и следи нарачки преку контролната табла.

analytics

Аналитика

Види што се продава, од каде доаѓа сообраќајот и што да поправиш понатаму.

hub

Апликации и интеграции

Поврзи ги алатките што веќе ги користиш — е-пошта, достава, сметководство.

Често поставувани прашања

Сè што треба да знаете пред да започнете

Како да отворам онлајн продавница?expand_more
Отворањето онлајн продавница е едноставно и не бара техничко знаење.
  1. Креирајте профил на платформата за е-трговија.
  2. Изберете месеќен или годишен пакет и внесете ги основните податоци за продавницата.
  3. Изберете и прилагодете го изгледот на продавницата.
  4. Поврзете ги опциите за плаќање и достава.
  5. Додајте ги вашите производи, цени и фотографии.
  6. Поврзете го сопствениот домен за да ја направите продавницата достапна на вашата веб-адреса.
  7. Објавете ја продавницата и започнете со продажба.
Колку чини изработка на онлајн продавница?expand_more
Цената е по месечна или годишна претплата, во зависност од избраниот пакет. Со претплатата добивате комплетна онлајн продавница и пристап до сите функционалности на платформата за е-трговија, без почетен трошок за изработка. Повеќе за целиот процес на изработка на онлајн продавница можете да прочитате тука.
Колку време е потребно за поставување?expand_more
Вашата продавница може да биде активна за помалку од 15 минути. Потребно е само да се регистрирате, да ги додадете вашите производи и да ги поврзете вашите информации за наплата.
Дали е можно да отворам продавница без онлајн плаќањеexpand_more
Да. Онлајн продавницата можете да ја користите и само со опцијата наплата при достава.
Како функционира наплатата преку картички во Македонија?expand_more
Плаќањето со картички во Македонија се врши преку интеграција со платежен процесор и банка-прифаќач. При купување, корисникот се пренасочува на сигурна платежна страница каде што ги внесува податоците од картичката, а средствата се уплаќаат директно на сметката на продавницата.
Кои начини на плаќање се поддржани за македонскиот пазар?expand_more
Овозможуваме директна интеграција со сите домашни процесори на картички (Halkbank, NLB, Komercijalna), како и опции за плаќање при достава.
Дали земате провизија од остварените продажби?expand_more
Не, „Моја Продавница“ наплаќа 0% провизија на вашите нарачки. Провизија зема банката со која сте склучиле договор и изнесува околу 2-3% по трансакција/продажба. Прочитај повеќе за тоа што значи ова за твојот бизнис.
Дали ми е потребно техничко знаење или програмер?expand_more
Воопшто не. Платформата за е-трговија е направена да биде интуитивна и лесна за користење. Менаџирањето на производите, нарачките и изгледот на продавницата се одвива преку едноставен визуелен панел.
Дали „Моја Продавница“ е алтернатива на Shopify?expand_more
Да. За разлика од глобалните платформи, „Моја Продавница“ нуди директна интеграција со домашни процесори за плаќање (Halkbank, NLB, Komercijalna), интерфејс на македонски јазик и локална поддршка. Погледни детална споредба.
Дали „Моја Продавница“ е алтернатива на WooCommerce?expand_more
Да, особено ако сакаш продавница без потреба од хостинг, приклучоци или програмер за одржување. Погледни детална споредба.
Имате дополнително прашање?Контактирајте ја нашата поддршка →

Подготвен да почнеш да продаваш?

Не е потребна кредитна картичка. Постави ја интернет продавницата за неколку минути.

Креирај Продавница